Моето дете прв пат оди на кампување. Како ме советувате да се однесувам?
Кога едно дете оди на кампување, тоа е можеби првиот пат да остане без своите родители толку денови, при што ситуацијата може да биде тешка како за детето така и за родителите. Пред почеток на кампувањето, потребна е комнукација со детето во однос на истото или посета на кампот како би се запознало со средината во која би престојувало. Детето требад а биде известено за активностите кои ќе се одвиваат во кампот како и за обврските кои ќе ги има за себе, како на пример одговорност спрема своите работи итн. Детето е подготвено да оди на кампување во моментот кога неговите родители се подготвени да му го овозможат тоа, не покажувајќи никаков вид на грижи при заминувањето.
Првите денови во кампот, се деновите на прилагодување, каде долгите разговори по телефон и секојдневните потсетувања можат негативно да влијаат на однесувањето на детето, проследно со деконцетрација на активностите кои се одвиваат во кампот. Потребно е време за детото да запознае нови пријатели, да се вклучи во програмата на кампот и при тоа за било каков проблем да ги извести одговорните лица во кампот. Едно е сигурно, ако родителите покажат доверба и соработка со одговорните лица, на крајот од летувањето, нашите мали пријатели нема да сакаат да го напуштат кампот.