Дали моето дете може да има излез/ноќевање/заминување од кампот со трето лице кое не му е родител?
Децата може да имаат излезе од кампот исклучиво со родителите и само во време кога е дозволена посета, освен во вонредни ситуации. Во случај на излез од кампот со трето лице, родителите треба да му достават заверено гарантно писмо на тоа лице, кое ќе биде приложено до управата на кампот.
Во случај на дефинитивен излез на детето со трето лице, родителите мораат да ги потпишано потребните документи на осигуретелното друштво и да ги предадат на лицето кое ќе го превземе нивното дете.
Оној кој ќе ја превземе одговорноста на детето кое не е негово, задолжително треба да пополни гарантно писмо согласно законот за превземање дете/деца на своја одговорност и на родителите. Приложување на лична карта е неопходно во секој случај! Доколку детето има старател или некој специфичен облик на старателство врз него, за тоа треба да се информира управата на кампот со приложување на соодветен документ согласно закон. Во спротивно, управата на кампот нема никаква одговорност.