FAQs

Кога едно дете оди на кампување, тоа е можеби првиот пат да остане без своите родители толку денови, при што ситуацијата може да биде тешка како за детето така и за родителите. Пред почеток на кампувањето, потребна е комнукација со детето во однос на истото или посета на кампот како би се запознало со средината во која би престојувало. Детето требад а биде известено за активностите кои ќе се одвиваат во кампот како и за обврските кои ќе ги има за себе, како на пример одговорност спрема своите работи итн. Детето е подготвено да оди на кампување во моментот кога неговите родители се подготвени да му го овозможат тоа, не покажувајќи никаков вид на грижи при заминувањето.

Првите денови во кампот, се деновите на прилагодување, каде долгите разговори по телефон и секојдневните потсетувања можат негативно да влијаат на однесувањето на детето, проследно со деконцетрација на активностите кои се одвиваат во кампот. Потребно е време за детото да запознае нови пријатели, да се вклучи во програмата на кампот и при тоа за било каков проблем да ги извести одговорните лица во кампот. Едно е сигурно, ако родителите покажат доверба и соработка со одговорните лица, на крајот од летувањето, нашите мали пријатели нема да сакаат да го напуштат кампот.

Од 6 до 15 години.

40 години искуство во комбинација со единствена локација на кампот во зелен амбиент и веднаш од море, не прави поинакви од другите кампови. Ние не сме само камп, ние сме институција.

Во кампот има обезбедување 24 часа кое се грижи за безбедноста на децата. Исто така, целиот камп е ограден и не е дозволено напуштање на истиот без стандардните контролни процедури.

Кампот се наоѓа пред морето и со истото е поврзан преку мост. Децата одат на капење секое утро, но доколку е топло и попладне.

Во кампот секојдневно се одржуваат часови по пливање во базените од страна на искусни инструктори и спасувачи, со потребната опрема за тоа. Секојдневното капење во морето и организираните игри се под надзор на вработените во кампот (спасувачи, водачи на тимови).

Во кампот има најсовремено опремена ординација, со потполно опремена аптека која работи 24 часа, како и искусен педијатар и две медицински сестри. In order to fully inform the camp about your children’s health, please fill out the special form you will find here. Our medical personnel will ensure that your children take their medicine, according to the instructions provided by your physician. For preventive reasons all medication the children have with them on arrival is immediately handed over to the infirmary.

Our camp has no liability concerning health problems for which it has not received the relevant written report from the parent.

Секако. Нашата исхрана е одредена, меѓутоа, доколку за тоа не известите на време, нормално ќе излеземе во пресрет, како што било чест случај во текот на минатото.

Нормално според полот, според друштво и роднински врски, ако разликата во години не е преголема. Пробуваме да се придржуваме кон критериумите на сместување според возраста, бидејќи долгогодишното искуство покажува дека секоја возраст има свои специфични интереси. Доколку некои деца сакаат да бидат сместени во исти објекти, тоа треба да го наведат при пристигнувањето, кај претпоставените. Не е потребно известување на кампот за тоа, пред пристигнувањето.

Во кампот постојат одредени места каде што е овозможен пристап на интернет. Според тоа, многу е важно, посетителите барем за момент да немаат допир со технологијата, компјутерите, телевизорот, интернететот, мобилните телефони… кои за жал се голем дел од нивното секојдневие. Нивното користење во кампот е исклучиво на нивна одговорност, со што кампот нема никаква одговорност во случај на нивно губење.

Децата може да имаат излезе од кампот исклучиво со родителите и само во време кога е дозволена посета, освен во вонредни ситуации. Во случај на излез од кампот со трето лице, родителите треба да му достават заверено гарантно писмо на тоа лице, кое ќе биде приложено до управата на кампот.

Во случај на дефинитивен излез на детето со трето лице, родителите мораат да ги потпишано потребните документи на осигуретелното друштво и да ги предадат на лицето кое ќе го превземе нивното дете.

Оној кој ќе ја превземе одговорноста на детето кое не е негово, задолжително треба да пополни гарантно писмо согласно законот за превземање дете/деца на своја одговорност и на родителите. Приложување на лична карта е неопходно во секој случај! Доколку детето има старател или некој специфичен облик на старателство врз него, за тоа треба да се информира управата на кампот со приложување на соодветен документ согласно закон. Во спротивно, управата на кампот нема никаква одговорност.