Наша Локација
Кампот Каливас се наоѓа на морско крајбрежје, опкружен со величенствена борова шума, во живописното село Метаморфози, Ситонија, Халкидики.
Локацијата рапослага со многу погодности, овозможувајќи им на децата да живеат и учат во мирно, чисто и сигурно опкружување, во сончева и пријатна летна клима.
Халкидики е голем полуостров кој се наоѓа помеѓу заливот Термаикос и Стримоникос, кои често се среќаваат во грчката митологија. Називот на полуостровот Ситонија потекнува од името Ситон, синот на Посејдон. Ситонија е место со прекрасни песочни плажи, кристално чисто море, старогрчки локалитетит и се разбира, традиционална грчка храна.
Метаморфози е живописно село со околу 500 жители кое се наоѓа на западнио влез на полуостровот Халкидики, Ситонија. Може да се пофали со плажа која има “сино знаме” (за чистота), источно од градот наречен Макриа Лагада, во билизна на одмаралиштето Никити, каде покрај за класичен одмор, туристите го посетуваат поради историјата и археолошките локалитети, како што е Олинт. Туризам и риболовот претставуваат главна занимација на жителите во Метаморфози. Локалното населенио направило многу за Метаморфорзи да прерасне во едно привлечно и атрактивно туристичко место.