Камперска опрема
Што треба да понесете со себе? Оваа листа ќе ви помогне што треба да понесете со себе, поготово ако по прв пат одите на кампување.
- Задолжително да понесете со себе: Навлаки за перница, постелнина, пешкири (за плажа, купатило, лице), доволно долен веш, чорапи, спортска облека, тренерки, спортски патики, долги панталони, џемпер или јакна, костим за капење, капа, крема за сонце, капа за базен, батеријска ламба;
- Прибор за хигиена: четка за заби, паста за заби, шампон, течност или сунгер за капење
- Работи кои се непотребни за безгрижно летување: драгоцени предмети, мобилен телефон, видео игри (кампот не е одговорен при губење на истите);
* Кампот има специјални простории за чување на предмети од вредност и документи. Во случај на не предавање на истите, кампот нема никаква одговорност во случај на нивна загуба.