Здравје и безбедност
Наш приоритет претставува безбедноста и здравјето на сите деца во кампот.
Се трудиме правилно да постапуваме со децата, како старатели, пријатели и учители, да им обезбедиме среќно и незаборавно летување. Одговорноста која ја превземаме врз себе грижејќи се за децата, е огромна, при што сме потполно посветени на нивното здравје и безбедност. Тоа значи дека го нудиме следното:
- Медицинска негаво нашиот здраствен центар од страна на искусен педијатар и две медицински сестри, достапни 24 часа, 7 дена во неделата. Во случај на било каква посериозна интервенција, се наоѓаме 20 минути од комплетно опремена болница Полигирос;
- Осигурување од несреќен случај;
- Комплетен систем за откривање и превенција против пожар;
- Електричен генератор од 165 kwh кој може да го напојува со електрична енергија целиот камп, во случај на престанок на истата;
- Снабдување со вода за пиење од локална водоводна мрежа;
- Највисока безбедност и санитарни прописи;
- Систем за управување со безбедност на храна ISO 22000, HACCP;
- Громобрани;
- 24 часовен надзор на целиот објект;
- Строга контрола на влез/излез на камперите и посетителите;
- Ноќно осветлување;
- Дезинфекција и дератизација на кампот пред почетокот на периодот за кампување.