За родителите
Пријателска препорака до родителите: Со секојдневата комуникација со детето ќе придонесте за грижа кај детето, кое при тоа нема да успее да се прилагоди на престојот во кампот.
Време за посета:
- Дневно: 11:00-13:00 и 18:00-20:00 часот
Време за телефонски разговори:
- Време за телефонски разговори со децата: 10:00-11:00, 12:00-13:00 и 17:30-20:00 часот
- Време за телефонски разговори со секретарката на канцеларијата: 8:30-22:00 часот
Телефонски говорници се достапни за користење во кампот, така што децата имаат можност да бидат во контакт со своите родители. Доколку децата не го прават истото, тоа значи дека дека имаат добар провод во кампот. Информирајте ја управата на кампот доколку вашето дете има алергија, специјален режим на исхрана или некои други специфичности. Соработката помеѓу вас и нашите одговорни лица ќе овозможи спречување на можни проблеми.
Ние ќе ве контактираме за се што се однесува за вашето дете.
Внимание!!!
- Ве молиме за известување доколку вашето дете има било каков здраствен проблем. Кликнете овде за превземање на здраствен картон. Ве молиме за испраќање на истиот по заверка на вашиот доктор;
- Немојте да носите храна и слатки работи во кампот, кои се склони кон расипување, бидејќи може да биде опасно по здравјето на децата;
- Децата можат да ги предадат своите парични средства на чување на водачот на групата или неговиот заменик;
- За да не дојде до недоразбирање, родителите се должни да го пријават кај одговорните во кампот износот на паричните средства кој детето ќе го поседува. Кампот има специјални простории за чување на предмети од вредност и документи. Во случај на не предавање на истите, кампот нема никаква одговорност во случај на нивна загуба.