Добродојдовте во „Интернационланиот детски летен камп Каливас“, еден од најголемите кампови за одмор во Грција. Основан е од страна на г-дин Џорџ Каливас, наставник по гимнастика, во 1977 година, и оттогаш, задоволството на децата претставува врвен приоритет на кампот. Нашиот камп е лоциран на крајбрежјето во Метаморфози, Халкидики, Грција, на површина од 20 хектари, опкружено со околните прекрасни планини синото Средоземно море.